Економија, финансии, бизнис

Контакт

Златков: До јуни ќе бидат исплатени 92 милиони евра за субвенциите

Златков: До јуни ќе бидат исплатени 92 милиони евра за субвенциите

Откако Игор Златков стапи на функцијата директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој веќе се потпишани дел од списоците за исплата на субвенции, а потоа ќе биде исплатен и останатиот дел од средствата наменети за земјоделците.

- До 31 јуни се очекува изготвување на списоци за директни плаќања, по специјалност и тоа лозарство, овоштарство, полјоделските култури и се разбира сточарите, и тоа живинарство, свињарство, говедарство, козарство и овчарство. Тие се во вредност од 3 милијарди и 500 милиони денари, а по поднесувањето на списоците од страна на откупните претпријатија за тутун, ќе се изготват и списоците за исплата на тутунопроизводителите, кои што ќе бидат во вредност од една милијарда и 500 милиони денари, со што ќе се заокружи процесот на исплата на субвенции во вредност од 92 милиони евра, кои што законски треба да бидат исплатени до крајот на месец јуни во тековната година, а се наменети за производителите од претходната реколта, рече Златков за ТВ Нова.


Слично

Поврзани вести