Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЛАТЕН НАКИТ, ПРАШОК ЗА ПЕРЕЊЕ, ЦИГАРИ - Царина со детали за обидите за криумчарење

ЗЛАТЕН НАКИТ, ПРАШОК ЗА ПЕРЕЊЕ, ЦИГАРИ - Царина со детали за обидите за криумчарење

Царинска управа утрово објави најнови податоци за наплатата на даноците и откриените обиди за измами од граѓани во текот на минатата година. 

Притоа акцентот го ставија на одделот царинарница Скопје, за кој што укажуваат дека само во 2025 година наплатил приходи во износ од 58,7 милијарди денари, што претставува раст од 11 отсто, или 5,7 милијарди денари повеќе во однос на 2024 година. 

- Царинарница Скопје учествува со 53 проценти во вкупно наплатените приходи од увоз. 

Преку откриени нелегални дејствија изготвени се 24.566 записници по кои се донесени решенија за дополнителна наплата од 1,36 милијарди денари. Само дел од успешно спречените обиди за криминал во 2025: 

Спречен обид за криумчарење на златен накит во вредност од половина милион евра 

Откриен два тони фалсификуван прашок за перење и 2.500 сетови за инфузија без соодветна дозвола за увоз кои беа запленети и согласно закон уништени 

Успешно спречени обиди за нелегална трговија со тутун при што запленети се повеќе од 1.500 штеки цигари и 204 килограми тутун за наргиле - се посочува во нивната објава. 

Воедно додаваат дека службата за надзор на иматели на одобренија (СНИО) која е под директна ингеренција на царинарница Скопје во 2025 година извршила 92 теренски контроли при што кај 26 правни лица се утврдени неправилности и изречени се прекршочни платни налози на име на правното и одговорното лице во вкупен износ од 129.410 евра. 

Резултатите на царинарниците беа разгледани на седницата на Комитетот за координација и контрола на оперативното царинско работење.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести