Злате Мехгмедовиќ бара ПСР тестови на границите за македонските туристи кои се враќаат од Грција, Албанија, Црна Гора и Хрватска
Поранешниот директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје, д-р Злате Мехмедовиќ, побара враќање на ПЦР-тестовите на македонските гранични премини за македонските туристи кои ќе се враќаат од годишните одмори од традиционалните летни дестинации како Грција, Албанија, Црна Гора и Хрватска.
Ова Мехмедовиж го бара како едно од можните решенија пред заседавањето на Комисијата за заразни болести во понеделник кога ќе се одлучува за евентуални мерки против делта сојот на корона вирусот.
„Враќањето на задолжотелен тест е една од можностите. Кон крајот на август и почетокот на септември е реалност, на враќање од земјите кои се таргет а тоа се оние на кои можеме да одиме на одмор за 10 и 11 дена. Таму има и туристи од „ризични“ земји.
Постојат и други алтернативни решениија. Сега се враќаме на почетокот на пандемијата, затоа треба да претстои следење и откривање на случаите“, рече тој во вестите на Канал 5.
Инаку делта сојот е регистриран во повеќе од 70 земји во светот во моментов.
