Економија, финансии, бизнис

Контакт

Животот ми се смени преку ноќ: Интервју со кралицата на севдалинките Амира Медуњанин

Животот ми се смени преку ноќ: Интервју со кралицата на севдалинките Амира Медуњанин

Амира Медуњанин е феномен за многу музички критичари од целиот свет, и за публиката која без да трепне ја следи на нејзините настапи. Кралицата на севдалинките, музичкиот новинар Гарт Картрајт ја нарекува босанската Били Холидеј, поради иновативниот начин на кој го пее севдахот. Од канцелариски работник во финансии во Европската комисија во Сараево, Амира преку ноќ решава да ја напушти работата и сосема да му се посвети на она што ѝ е во срцето, музиката. Откако во 2003 година гостуваше на албумот „A Secret Gate“ на составот „Mostar Sevdah Reunion“, во 2005 година го сними својот дебитантски албум „Rosa“, кој добива одлични критики во Велика Британија. Од тогаш, има снимено осум албуми и настапува насекаде низ светот пеејќи традиционална музика од Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија. На нејзиниот репертоар секогаш и секаде и е „Ја излези Ѓурѓо“. Со оваа изведба Амира ја промовира и македонската традиционална музика во светски рамки. Амира за Женски магазин ја раскажа нејзината фасцинантна животна приказна, пред концертите кои „Авалон“ продукција ги организира, утре, во Хераклеа во Битола и во сабота, (9 август) во Античкиот театар во Охрид. 

Слично

Поврзани вести