Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Животот е непредвидлива оска на движење, имало периоди кога...“: Марјан Николовски за секојдневните предизвици

„Животот е непредвидлива оска на движење, имало периоди кога...“: Марјан Николовски за секојдневните предизвици

Марјан Николовски, уредник и водител на вестите на „Сител“. Еден од највечатливите лица на телевизиските екрани, по многу нешта. Зборува за секојдневието, мотивацијата и предизвиците. Центар на светот се неговата ќерка Лихнида и сопругата Радмила. 

-Животот е непредвидлива оска на движење, која постојано го моделира секој ден. Имало периоди во животот, таму во студентските денови, кога денот ми почнуваше со биолошки часовник. Кога и да заспивав, во 6:00 часот се будев, а тоа значи дека имаш огромен ден пред тебе. Потоа, дојдоа времињата кога телефонот го местиш за аларм во тоа исто време, можеби час подоцна. За да еве, во петтата деценија од животот побрз и од биолошкиот часовник и од алармот е Лихнида ... Татооо ... Мамии... некаде во 6:00 часот или некоја минута подоцна... И така почнува новиот ден. Ако украдеш некоја минута повеќе, следува палење или гасење на светлото од нејзините раце. Млекото е прво на списокот утрински ритуали. Водата втора. А кафето во меѓувреме. Станува збор за силно турско кафе. Тоа е изборот на Радмила. Не почнува ден без тоа. Балконот на 10 -ти спрат од северо-источна страна е иделно место за првото утринско кафе, во оние рани утрински минути. Тоа е она баш кафе. Сите други кафиња во текот на денот се некако како пропратни за муабет – вели Николовски и открива што најмногу го мотивира.

- Предизвици. Тоа се клучни моменти во животот, што покренуваат мотивација. Понекогаш кога недостасуваат, си ги задавам сам. Барем за мене за поттикнување на мотивација, ми е потребна цел. Таа цел не секогаш е голема, напротив, мала, ситна, секојдневна, понекогаш и покрупна. На пример, предизвикот да се биде родител и почесто дома, ме мотивираше за доусовршување на образованието во постдипломска фаза. Честопати ме мотивира трулиот систем во државата. Ме мотивира неправда. Но, ме мотивираат и позитивни моменти. Убав ден ме мотивира. Ме мотивира насмевката на Лихнида. Ме мотивира жртвата што за нас ја дава Радмила. Единствено што не ме мотивира се парите (ха-ха-ха) – дополнува тој.

Многу повеќе прочитајте на Женски магазин.


Слично

Поврзани вести