Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИВКОВИЌ ОД СДСМ: Го окрупнуваме парламентарното мнозинство, за минимална плата од 18.000 денари и недела неработен ден

ЖИВКОВИЌ ОД СДСМ: Го окрупнуваме парламентарното мнозинство, за минимална плата од 18.000 денари и недела неработен ден

Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, денеска преку пресконференција ги праша пратениците од опозицијата, зошто блокираат закони кои се важни за граѓаните и за работничките права.

„Отворено ги прашуваме пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ Алијанса за Албанците и Левица: што имате против работничките и работниците да го добијат недела како неработен ден? Зошто сте против 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а преостанатите 8 проценти кои ќе работат да добиваат до 100 отсто зголемена дневница? Всушност, знаеме зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица ги блокираат измените во Законот за работните односи: тоа го прават за нашето општество да не добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефит да имаат сите! Ваквите измени на Законот, нормално, не им одговараа да се случат пред локалните избори“, рече Живковиќ.

Според него, од истите причини тие ги блокираат и законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност.

Од истите причини го блокираат и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.

„Од истите причини пратениците од опозицијата најверојатно ќе се обидат да го блокираат и веќе најавеното зголемување на минималната плата на 18.000 денари планирано за јануари 2022 година“, нагласи Живковиќ. 

Со овие зборови се обрати до пратениците од опозицијата. 

„Локалните избори завршија, не успеавте да обезбедите кворум за гласање недоверба на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а нашето парламентарно мнозинство е во процес на зголемување!

Затоа, престанете со евтините политички трикови, тргнете ги блокадите што континуирано ги поставувате – тоа деновиве ви го порачаа и синдикатите кои децидно побараа да се усвојат законите кои се во интерес на работниците и работничките.

Почитувани работнички и работници, Ве уверуваме дека зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство повторно ќе ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, а Владата предводена од СДСМ, како и досега ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани и граѓанки, ќе обезбеди повисока минимална плата а недела ќе биде неработен ден!“, рече Живковиќ. 

Слично

Поврзани вести