„ЖИВЕЕМЕ НА ВИСОКА НОГА СО ТУЃИ ПАРИ, ДОДЕКА КАМАТАТА НИ ЈА ЈАДЕ ИДНИНАТА“: Професорот Трајковски за економскиот бум во државава
Професорот Техничкиот факултет во Битола реагира на тоа дека државната каса е полна затоа што тие пари ќе мора да ги отплаќаат нашите внуци.
„Пари во буџетот има колку што сакаш, ама само затоа што нашите неродени внуци, без никој да ги праша, ќе мора да го отплаќаат ова расипништво на сегашната власт.
Државната каса конечно е полна, благодарение на трик со кој секој граѓанин ќе се разбуди со нов кредит, без воопшто да влезе во банка. Живееме на висока нога со туѓи пари, фалејќи се со некаков економски бум, додека каматата тивко ни ја јаде иднината. Сето ова утре ќе ни излезе низ нос, Поточно, ќе им излезе на идните генерации“, напиша тој.
Слично
