Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИВЕЕЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, А ЗЕМАЛЕ ПЛАТА ОД КОМУНАЛНА: Данела жестока и кон градоначалниците, „да не глумат инфлуенсери“

ЖИВЕЕЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, А ЗЕМАЛЕ ПЛАТА ОД КОМУНАЛНА: Данела жестока и кон градоначалниците, „да не глумат инфлуенсери“

Жестока и брутална. Ваква беше градоначалничката на денешната прес конференција во врска со проблемот во јавното комунално претпријатие.

Таа нагласи дека над триесетина лица земале повисока плата и до 35 проценти, а ниту еднаш не се појавиле на работа. Како што рече, живееле во Германија, а земале џепарац од први до 15 до месецот во вид на плата од Комунална хигиена.

Таму се работело со притисок и закани, правниот систем мора да профункционира.

- Не може мафијаши да ни ја водат државата, на Косана Мазнева треба да и се даде поддршка - рече Арсовска.

По однос на чистењето од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ  и СДСМ, а и по однос на иницијативата да си ја преземат хигиената во општините, таа рече да не глумат инфлуенсери и да се фатат да си ја работат работата.

- Нека си ги исчистат прво нивните населби и општини, па потоа нека зборуваат  - одговори Арсовска.

Таа нагласи дека при вработувањето на спорните лица, непотизмот не бил третиран, и додаде дека мора да се расчисти со неработниците кои земале плата на сметка на оние кои поштено си ја работеле работата.

Слично

Поврзани вести