Економија, финансии, бизнис

Контакт

Живеела во Сибир, сега е среќно мажена во Македонија: Приказната на Антонина и љубовта која не познава граници

Живеела во Сибир, сега е среќно мажена во Македонија: Приказната на Антонина и љубовта која не познава граници

Дека љубовта не познава граници е токму приказната на русинката Антонина Блажевска Ангорт и нејзиниот сопруг Игор. Животот ги споил и веќе 16 години живеат во семејна хармонија во скопско Долно Соње. Антонина која е родена во Русија, долго време живеела во Сибир во град Краснојарск од каде и се омажила во 2005 година.

Чудни се патиштата на судбината која ја довела Антонина во Скопје. Ни раскажа дека нејзината мајка била мажена за Македонец, па така и таа дознала за Македонија.

„За Македонија знам од 1998 година бидејки тогаш мојата мајка се омажи за Македонец. Бидејќи бев тогаш уште дете мечтаев да ја посетам Македонија. И во 2004г. за прв пат дојдов на одмор со родителите. Уште од прв пат ми се допадна Македонија и затоа јас наредна година (2005) дојдов пак на одмор но сама без родителите и останав цели три месеци тука...“ ја почнува приказната Антонина.


Таа вели дека на почеток немала симпатии кон сопругот со кој се запознале уште при првото нејзино доаѓање во Скопје, но при следната прилика веќе биле вљубени.

„Со сопругот јас се запознав уште при првата посета но, тогаш не покажувавме никакви знаци на симпатија (барам јас така мислев) ((се смее)) а во 2005 г. кога дојдов сама се запознавме подобро и решивме да се земеме. Така јас веќе 16 години сум во многу добар брак и сум среќна сопруга. Свадба не правевме бидејќи ниту сопругот, ниту јас сакаме големи прослави, па наместо веселба отидовме на одмор во Охрид. И така го обележавме нашиот голем ден“, вели Антонина.

Со семејството на сопругот се сложува од почеток

Кога дошла во Македонија знаела малку за традициите и обичаите.

„Се научив од мојот очув и затоа не ми беше тешко да прифатам се останато. Семејството на сопругот многу добро ме прифати и ден денес одлично се сложуваме“ , ни открива оваа Русинка, но сепак вели дека најтешко и било првите години кога и недостасувале семејството, работата и пријателите.
Повеќе за Женски магазин

Слично

Поврзани вести