Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИВ СПАСЕН ПО 18 ЧАСА-ХАЛКИДИКИ НА НОЗЕ: Потрагата продолжува по третото момче

ЖИВ СПАСЕН ПО 18 ЧАСА-ХАЛКИДИКИ НА НОЗЕ: Потрагата продолжува по третото момче

Крајбрежната стража на Грција потврди дека по 18 часа упорно трагање, екипаж на товарен брод, кој пловел под знамето на Гибралтар, успеале да го спасат и вториот од вкупно тројцата млади момчиња кои вчера силниот ветер и морските струи за кратко време ги однесе на отворено море, пишува Tanea.gr. 

Грчките медиуми утринава јавија дека сите тројца се од Скопје, на возраст од 25, 28 и 30 години. Првиот, најјмладиот, 25 –годишниот е спасен уште вчера, неколку часа по исчезнувањето. Сурфери го извлекле околу 19 часот по локално време.

Спасувачката операција и понатаму трае по третиот, 28 годишниот млад човек. Вклучени се крајбрежната стража на Грција, приватни чамци, рибари и волонтери.


Слично

Поврзани вести