Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИТЕЛИТЕ ВО СТРАВ: Опожарени четири куќи во Требовље

ЖИТЕЛИТЕ ВО СТРАВ: Опожарени четири куќи во Требовље

Во селото Требовље кај Македонски Брод попладневно се опожарени четири куќи. 

Жителите се во страв и според нивните информации војската ќе им помогне во гаснење на огнот. Велат дека се оставени сами на себе, затоа што пожарот е активен десетина дена, но досега не е ставен под контрола. 

„Досега четири куќи се зафатени од огнот. Тие куќи се уништени од надвор, но од внатре не се изгорени. Мојата викендичка засега не е запалена, огнот до неа не стигна. Ситуацијата е многу лоша. Но, дојдоа хеликоптери и веќе помагаат во гаснење на огнот“ - вели Драган Танушевски, тетовец кој има викендичка во селото. 

Тој раскажува дека во селото сега има десетина луѓе, кои очекуваат да видат каков ќе биде исходот, а постарите жители се заминати кај роднини. 

Слично

Поврзани вести