Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жителите на Валандово ги собраа потписите неопходни за референдум

Жителите на Валандово ги собраа потписите неопходни за референдум

За само три часа денеска се собрани потребните  потписи за да се натера Општина Валандово да организира референдум за рудникот за бакар Казандол, информираа од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ на својата Фејсбук-страница

„Ве известуваме дека потребните потписи за покренување на граѓанска иницијатива се собрани во рекордни 3 часа. Во интерес на време, за да може денеска да се достават потписите до Претседателот на Советот на Општина Валандово и Општина Валандово, собирањето на потписи ќе трае денеска до 14 часот“ - објавија на Фејсбук. 

Потенцираат дека од нив зависи иднината на Валандово кое живее од земјоделство, и дека треба да се гласа против рудниците на смртта. 

Слично

Поврзани вести