Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жителите на Расадник, скопска Кисела Вода денеска во 18 часот излегуваат на протест

Жителите на Расадник, скопска Кисела Вода денеска во 18 часот излегуваат на протест

По неколкугодишните неуспешни преговори со општината за хуманизирање на ДУП-от за Расадник, запирање на бесконечната бетонизација на Кисела Вода и враќање во рамки на предвидениот ГУП, жителите од оваа населба денеска во 18 часот ќе излезат на протест кај Расадникот во близина на Гет Кафе.

Со протестот под наслов СТОП ЗА БЕТОНИЗАЦИЈАТА НА РАСАДНИК И КИСЕЛА ВОДА, жителите бараат да престане безочната бетонизација на населбата и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина.

„Бараме нов ДУП кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки и училишта и се друго што ќе придонесе за унапредување на животот во кисела Вода“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“.


Сегашниот ДУП предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје со што дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од општината.

Жителите информираат дека ДУП-от ја надминува предвидената станбена површина на ГУП-от за над 300.000 квадратни метри додавајќи дека улиците се пренатрупани со возила, нема паркинг места и детски игралишта, а за младите воопшто нема никакви содржини во  оваа скопска населба.


Слично

Поврзани вести