Жителите на Кисела Вода утрово на протест
Граѓаните на Кисела Вода остро му се спротивставуваат на град Скопје поради одлуката со изградбата на кружниот тек кој е во фаза на изградба да се затворат две улици.
Тие и вчера а и утрово излегоа на протест со подготвеност да постават жив штит се со цел да не се подигнат двата ѕидови кои што според нив требало да бидат подигнати, а со што ќе се спречи сообраќајот на улиците Христо Татарчев 1 и 11.
На кружниот тек на кој требаше да излегуваат седум улици, Град Скопје одлучил дека ќе излегуваат само пет, а останатите две да кружат од задната страна, односно од кружниот тек кој се наоѓа кај главниот влез на цементарница Усје.
Од Град Скопје велат дека двете улици не се во нивна надлежност, туку дека тоа е во надлежност на општина Кисела Вода.
