ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕЛ ОД „ЗАГРЕБСКА“ ГО ПОЧАСТИЈА ГЕРАСИМОВСКИ СО ПИТА: Им ја санирал и осветлил улицата
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, вчера на својот фејсбук профил објави дека жителите на улицата Загребска 5, го почестиле пита.
„Моите Центарци знаат како пријатно да ме изненадат. Длабоко сум им благодарен за тоа. Денеска во кабинетот ме посети госпоѓа Ленче Павлоска. Ни донесе превкусна домаќинска пита од името на сите жители на Загребска 5. Вели ја направила мераклиски и со многу љубов за да не почести за санирање и дополнителното осветлување на улицата, на која и таа живее. Прекрасни луѓе, Центарци мои, секоја ваша пофалба е мотив да продолжам натаму“, напиша тој.
Слично
