Жителите на Босилово гласаат за или против рудникот Иловица
Во општина Босилово денеска се одржува рефендум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за отворање на рудникот за бакар и злато Иловица.
На референдумското гласачко ливче поставени се две прашања – дали сте „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато – Иловица, и другото, дали сте „за“ или „против“ отворање и ископ на метали или металична руда.
За референдумот да биде успешен, треба да гласаат 6.151 избирач (50% +1), од вкупните запишани 12.301 гласач.
Жителите на Општина Ново Село на референумското прашање за или против рудници ќе се изјаснуваат на 17 септември.
Слично
