Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жителите на Кучково: Без капка вода сме, ако се прошири пожарот ќе изгориме!

Жителите  на Кучково: Без капка вода сме, ако се прошири пожарот ќе изгориме!

Пожари има и во скопско. 

Пожар ги зафати скопските села Ракотинци и Кучково, потврдија за МИА од Центарот за за управување со кризи. Во Кучково нема вода. 

За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Во моментов се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот.

Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.

Во државата, драматично е во околината на Пехчево, каде пожарите неконтролирано се шират, а граѓаните молат за помош. 


фото МИА

Слично

Поврзани вести