Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жители на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

Жители на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

Жителите на Ново Маало велат дека  денешниот протест на како што ги нарекоа лажните активисти од „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ не беше поддржан ниту од самите нивни членови. 

„Благодарност до граѓаните кои не потпаѓаат на манипулациите и не ги поддржаа ваквите протести со кои се спречува конечно решавање на нашиот долгогодишен проблем во Ново Маало. Овие неколку луѓе кои денес протестираа имаат за цел да вршат притисок врз обвинителството и другите институции, а буквално немаат ништо со активизмот или заштитата на животната средина. Ако беа вистински активисти ќе ја поддржеа идејата да се изгради голем парк на местото на паркингот каде сега освен уништен бетон нема ништо друго. Ако беа вистински активисти, ќе нè поддржеа нас граѓаните да ги решиме нашите проблеми и во 21 век да живееме достоинствено - токму како што Јана Белчева ужива во удобноста на својот стан откако си го продала имотот на Водно каде сега никнува зграда. Ние моментално во сред Центар немаме канализација и основни услови за живот. Да беа вистински активисти, ќе застанеа зад правдата, а не да вршат неоснован притисок заради своите политички интереси да се прикажуваат како некакви спасители. Апсолутно нема ништо издржано во нивните барања и бараме итно да престанат. Искрено веруваме дека после денешниот протест каде не можеа да соберат ниту 10 луѓе, ќе се откажат од идејата понатаму да нè блокираат и ќе остават да си ги решиме проблемите“, се вели во соопштението. 

Апелираат институциите да не подлегнуваат под притисокот бидејќи тие ќе одговорат уште пожестоко со протести доколку им се скратат правата дадени со Устав.

Слично

Поврзани вести