Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жители на македонско село протестираат со барање полицијата да не ги убива

Жители на македонско село протестираат со барање полицијата да не ги убива

Локалните жители на селото од каде што е убиен грозоморно Бекир Алити излегоа на мирен протест со барање „полицијата да ги чува, а не да ги убива“. Алити беше застрелан а потоа полиен со бензин и запален од полицаецот Енвер.Т само поради тоа што овој сакал да си ги сочува 4.000-те евра и да не му ги плати са половниот автомобил кој требало да му ги плати. Вработениот 24 годишник од МВР е фатен и веднаш му беше одреден 30 дневен притвор.

Мештаните од тетовско Јеловјане сметаат дека убиството на нивниот соселанец 36 годишниот Бекир Алили кој вчера беше погребан на селските гробишта е исценирано. Осомничениот за убиство 24 годишниот Енвер Т. заработи 30 дневен притвор. Мештаните од Јеловјане пред да биде погребан 36-годишниот Алити на селските гробишта, одржаа мирен протест и побараа полицијата да ги штити а не да ги убива. Велат дека МВР треба во иднина да внимава какви кадри вработува.

Како што информира Министерството за внатрешни работи битолчанецот Енвер Т.  го контактирал 36 годишниот жител на село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Facebook“ при што се договориле истиот ден околу 14.30 часот да се сретнат. Ваквата информација ја потврдија и од семејството на Алили.



Слично

Поврзани вести