Жители на гостиварско село загинаа во несреќата во Радика
Во ОВР Гостивар денеска во 15:50 часот пријавена е сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврово Дебар во која возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата загинале А.Ф. и М.Ф. од с.Видуше, гостиварско.
По насоки на јавен обвинител патничкото возило ќе биде задржано Полициска станица Гостивар за вонреден технички преглед, а телата на починатите ќе бидат дадени за обдукција.
Полицијата презема мерки за утврдување на причините за несреќата.
Слично
