Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жители на Дебар го терале нивното дете да проси во Струга

Жители на Дебар го терале нивното дете да проси во Струга

Жители на Дебар си го малтретирале детето и го терале да проси. 

Кривична пријава e поднесена против родители од Дебар затоа што си го принудувале детето да питачи во Струга. 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе на 11 месецов до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.Н. (25) и М.Н (29) и двајцата од Дебар, инаку сопруг и сопруга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик на Р.С.Македонија. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Слично

Поврзани вести