ЖИТЕЛ ОД АЛБАНИЈА САКАЛ ДА ПОМИНЕ ГРАНИЦА СО ТУЃ ПАСОШ - Еве што следува
Жител на соседна Албанија сакал да влезе во Македонија, ама со туѓ пасош. Поради ваквата постапка тој е протеран од земјата, и оваа одлука ќе важи две години.
- На 09.09.2023 во 11.40 часот на граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е приведен Д.K.(21) од Република Албанија, затоа што при пасошка контрола на увид приложил албанска патна исправа на друго лице.
Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а од судија на Основен суд Куманово му е изречена мерка „протерување на странец од земјата“ во траење од 2 години - се наведува во билтенот.
Слично
