ЖИТЕЛ НА ВИНИЦА ЖРТВА НА ЛАЖЕН ДОКТОР - успеал да му извлече дури 430 илјади денари за операција
Повозрасен жител на Виница е измамен од лице кое се претставило како доктор, при што му била одземена вртоглава сума. Како што објави Министерството за внатрешни работи, измамен е 77-годишен виничанец од лажен лекар кој за лекување на неговата ќерка му побарал 430.000 денари. По предавањето на парите, кои виничанецот му ги давал на лажниот доктор во неколку наврати, тој дознал дека е измамен.
- На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари.
Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.
Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место. Според пријавеното, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот - се посочува во објавата на МВР.
Слично
