Жител на Тетово ќе лежи затвор бидејќи не седел во изолација
Жител на Тетово заврши во затвор, затоа што не седел во изолација поради коронавирусот.
На улицата „Маршал Тито“ во Тетово, вчера околу 12 часот, полицајци на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец С.Ј., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
Во Тетово и Гостивар имаше многу случаи на лица кои наместо да седат во изолација, заминале во странство.
Слично
