Жител на Свети Николе наместо во изолација бил во угостителски објект
Светиниколчанец наместо да седи во изолација се шетал низ градот.
Кривична пријава доби лице од Свети Николе кое наместо во изолација било во угостителски објект.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.Д.(28) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија““, информираат од полицијата.
Пријавениот, на 17 месецов при контрола од полициски службеници, не е пронајден во својот дом, односно бил во угостителски објект во Свети Николе и на тој начин не постапил според Решение издадено од 14.07.2020, со кое му се одредува здравствен надзор и самоизолација во домашни услови во траење од 14 дена, за што е изготвен записник за извршена контрола и е спроведен во државен карантин.
За 24 часа во Свети Николе има 3 нови случаи на заразени со коронавирусот.
