Жител на струмичко село запалил стрниште по што изгорел
70-годишно лице од струмичко вчера изгорело по палење на стрниште.
Околу 15:00 часот во атарот на струмичкото село Мокриево починал Ј.М. (70) од истоименото село. Него го пронашле со изгореници на телото.
Како што соопштија од СВР Струмица, утврдено е дека тој претходно излегол да го запали стрништето во местото „Ниш Поле“, а откако не се вратил дома неговата сопруга го пронашла починат со изгореници. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството.
Слично
