ЖИТЕЛ НА СТОЈАКОВО ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА
Во сообраќајна незгода која се случила еден час по полноќ на обиколница Богданци почина 46-годишен возач на мопед, соопшти МВР.
- На 12.06.2022 во 01.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од с.Стојаково и патничко возило „форд мондео“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г.(41) од Нов Дојран. На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија - се наведува во соопштението на МВР.
