Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жител на Шишево фрлил летоци од политичка партија во корпа за отпадоци, по што добил ќотек

Жител на Шишево фрлил летоци од политичка партија во корпа за отпадоци, по што добил ќотек

Инцидент се случил во скопско, каде човек фрлил летоци од политичка партија, по што добил ќотек. 

Денеска во 02:40 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.(25) од селото Шишево, скопско, пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Есперанто“ лице го нападнало,  затоа што во корпа за отпадоци фрлил летоци од политичка партија, кои неколку други лица ги фрлиле на летната тераса. Полициски службеници излегле на местото на настанот и е утврдено дека во Градската општа болница „8-ми Септември“ со повреди е однесен М.Ѓ.(31) од Скопје. Тој изјавил дека на ул.„Есперанто“  повеќе лица го нападнале. На местото е пронајден автомобил „фолксваген џета“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје, во кое имало летоци и рекламен материјал од истата политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести