Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жител на селото Баница е приведен поради предизвикување пожар

Жител на селото Баница е приведен поради предизвикување пожар

Приведен e струмичанец поради предизвикување пожар. 

Жител на струмичкото село Баница е приведен за предизвикување пожар. 29-годишниот Д. К. запалил дива депонија и предизвикал пожар.

„На 8.8.2021, околу 11.30 часот, Д. К. во близина на магистралниот пат од Струмица кон село Дабиле, запалил дива депонија со смет околу која имало нискостеблести дрвја и густа вегетација по што огнот почнал бргу да се шири предизвикувајќи пожар. Осомничениот бил приведен, а пожарот бил изгаснат“, информираше МВР.

Приведен е и 60 годишен дебранец кој е затекнат кај опожарена нива. 

Повеќе лица се приведени деновиве поради предизвикување на пожари. 

Слично

Поврзани вести