Жител на ресенско палел сува трева со сопругата, по што се задушил и починал
Жител на ресенско палел сува трева со сопругата, по што се задушил од чадот и починал.
Во ОВР Ресен вчера околу 18 часот е пријавено дека во селото Асамати, ресенско, во близина на шумска куќа на Јавно претпријатие „Национални шуми“, во атар на селото Претор, настанал пожар при што горела сува трева и стрниште.
Полицајци и Јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л.(62) од селото Претор, а смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. По преземени мерки е констатирано дека М.Л. и неговата сопруга Н.Л.(56) запалиле гранки во нивна бавча на место викано „Крива нива“ од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
