Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жител на Радолишта паднал при чистење на оџак, по што загинал

Жител на Радолишта паднал при чистење на оџак, по што загинал

Жител на струшкото село Радолишта, загина откако паднал при чистење на оџак од куќата на брат му. 

С.М. (48) вчера околу 8 часот, при чистење оџак се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди. Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал. 

Тој е вратен во МЦ Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.


Слично

Поврзани вести