Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИТЕЛ НА ПЕШТАЛЕВО ВОЗЕЛ ВО ТОЛПА НАРОД ВО СЕКИРЦИ - Инцидент на одбележување на празникот Спасовден (Видео)

ЖИТЕЛ НА ПЕШТАЛЕВО ВОЗЕЛ ВО ТОЛПА НАРОД ВО СЕКИРЦИ - Инцидент на одбележување на празникот Спасовден (Видео)

Синоќа имало инцидент во селот Секирци при што жител од селото Пешталево сакал да вози во толпа народ. 

Како што објавува МВР во нивното штуро соопштение, лицето со своето возило тргнало кон топлата, но автомобилот му застанал. 

- На 25.05.2023 околу 19:00 часот во с.Секирци полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б. (35) од с. Пешталево. Тој управувајќи го своето патничко возило „поло“ тргнал кон група луѓе кои биле собрани на среде селото, но бидејќи возилото се изгаснало, тоа сопрело, а повредени лица нема. Ф.Б. се обидел да избега, но бил спречен, а подоцна и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок - пишува во билтенот на МВР.

Но, за разлика од соопштението на МВР, локалните медиуми јавуваат дека станува збор за тежок инцидент, во кој возачот во алкохолизирана состојба возел кон и низ насобраната топла, за среќа луѓето успеале да избегаат од залетаниот автомобил. 

Како што објавува „Маркукуле“, инцидентот се случил за време на одбележување на славата Спасовден, кога голем број жители од Секирци и околните долненски села биле собрани на прослава, кога од нигде никаде дошол извесен Фикрет од село Пешталево и според кажувањето на мештаните, лудувал со автомобилот, а насобраните луѓе бегале да спасат жива глава.

Меѓу насобраните жители имало и дваесетина дечиња, кои преплашени од разбеснетиот возач бегале и плачеле. После тоа организаторите на прославата повикале полиција, а пијаниот возач направил инцидент и пред полициските службеници, удирајќи еден од организаторите со тупаница, на што според кажувањето на присутните, униформираните лица не реагирале.



Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести