Жител на Кривогаштани заврши во болница во Прилеп откако излетал од патот
Жител на Кривогаштани со тешки повреди заврши во болница во Прилеп откако со возилото излетал од патот Р512.
Како што јавува МВР, вчера во попладневните часови тој со возилото патувал кон селото Обршани, но излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди.
- На 14.02.2025 во 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Р512 од с.Крушеани кон с.Обршани, прилепско, патничко моторно возило „фиат" со крушевски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(51) од с.Кривогаштани, излетало од коловозот. Ж.Н. е пренесен во Општа болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп - се наведува во билтенот.
Слично
