Жител на Кочани славел свршувачка во двор во време на пандемија
Против маж од Кочани полицијата поднесе кривична пријава затоа што во време на пандемија прославувал свршувачка во двор.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против триесет и седумгодишен жител на Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
Тој според пријавата на 17 октомври во дворното место на својот дом и надвор од него, организирал прослава по повод свршувачка, на која поканил и присуствувале поголем број луѓе.
Полицијата во повеќе наврати растури и свадби.
Деновиве имаше свадба во гостиварско Добридол, иако е забрането, по што се поднесени пријави.
Слично
