Жител на Ќафа приведен за убиството на газдата на „Гурман“
Гостиварец e приведен за убиството на сопственик на кичевски ресторан кое се случи деновиве.
Кривична пријава е поднесена против 47-годишен жител на гостиварското село Ќафа поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Од полицијата велат дека тој делото го сторил на 29. декември 2018 околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на кичевската улица „Борис Кидрич“, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил 64-годишниот сопственик на објектот.
Гостиварецот е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Слично
