Жител на Боровец е приведен поради пукање на свадба
Стружанец пукал на свадба, по што полицијата го привела.
Жител од струшкото село Боровец пукал на семејна веселба по што е приведен од полицијата.
Инцидентот се случил во петокот околу 23 часот.
Н.С.(50) при семејна веселба во неговиот дом го нарушил јавниот ред и мир со пукање од пиштол, кој легално го поседувал.
Откако случајот е пријавен, полицијата го уапсила Н.С.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на случајот, а против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
