Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жител на Блаце мавал со камења по полициски хеликоптер додека полнел вода за гасење пожари

Жител на Блаце мавал со камења по полициски хеликоптер додека полнел вода за гасење пожари

МВР извести дека жител на Блаце вчера бил пронајден и уапсен откако минатиот месец ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата.

„На 12.08.2025 во 18:55 часот полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по чл.303 од КЗ (загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај).

Имено, на 06.07.2025 околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните“,информира полицијата.

И.А. е пронајден и лишен од слобода, а како што известуваат од министерството, по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава.


Слично

Поврзани вести