Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зираат банка целосно припоена до Халкбанк

Зираат банка целосно припоена до Халкбанк
Процесот на присоединување на Зираат Банка А.Д. Скопје кон Халкбанк А.Д. Скопје е завршен, информираат од Халкбанк, а целиот имот на Зираат Банка, заедно со сите  вработени, филијали и клиенти се успешно превземени од страна на Халкбанк.
Со уписот на присоединувањето во трговскиот регистар,  Халкбанк ја зголеми основната главнина, a Зираат банка е избришана како правен субјект. Како што појаснуваат од Халкбанк, нивната цел е да се ги мотивира и поттикнува своите клиенти за развој на своите бизниси поради што гарантира за целосно превземање на обврските на Зираат Банка кон своите клиенти. Овој значителен чекор ќе го прошири уделот на Халкбанк на пазарот и ќе го зголеми капиталот на банката до 55 милиони евра.  
Слично

Поврзани вести