ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација
Фудбалската еуфорија што ја нзафати Албанија со учеството на нејзината репрезентација на Европскоро фудбалско првенство, се прелеа и кај албанските политичари во Македонија.
Зијадин Села, кој со делот од Алијанса кој застана против Таравари, се придружи на Европскиот фронт на својот фејсбук профил сподели фотографија од стадионот во Дортмунд во дрес на албанската фудбалска репрезентација, сакајќи да ндаде поддршка во натпреварот со Италија.
"Како и секогаш навиваm за репрезентацијата. Ајде момци победа за Албанија...", напиша Села на фејсбук.
Инаку, според првичните проценки, селекцијата на Албанија има најголема навивачка поддршка на Европското првенство.
Околу 50 илјади нејзини поддржувачи денеска продефилираа низ улиците на Дортминд како загревање за натпреварот.
