Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зијадин Села си поднесе оставка

Зијадин Села си поднесе оставка

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка откако неговата партија не успеа да освои ниту еден советник на вчерашните локални избори во Тетово.

Села вели дека резултатите не биле очекувани и поради тоа е подготвен да преземе одговорност.

- Од овој момент преземам одговорност и давам неотповиклива оставка од претседател на партијата. Во периодот кој следува највисокиот орган на партијата после два Конгреси и Централното собрание треба да заседава и да одлучи во врска со тоа кој ќе биде вршител на должност на претседател на партијата – рече тој во своето обрачање.

Посочи дека членови на Алијанса за Албанците работеле против партијата и ја саботирале. Села напомена дека неговиот наследник треба да ги санкционира таквите појави во партијата.

-Јас стојам на зборот дека Тетово не е само една општина и само еден град, туку повеќе од тоа – истакна Села.


Слично

Поврзани вести