Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗИЈАДИН СЕЛА СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА ДО ВРЕДИ: „Да ја напуштат Владата и да дојдат да се обединиме, за да притиснеме за предвремени парламентарни заедно со локалните избори“

ЗИЈАДИН СЕЛА СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА ДО ВРЕДИ: „Да ја напуштат Владата и да дојдат да се обединиме, за да притиснеме за предвремени парламентарни заедно со локалните избори“

Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, на коалицијата Вреди им порача да ја напуштат Владата и да се обединат со нив за да направат доволен притисок и да се оди на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните.

На прашањето зошто треба да се обединат албанските политички партии, тој одговори:

„За да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците. Имаме неколку приоритети кои се веќе дефинирани во политичките програми, а сега ни се додадоа уште. Треба да се договориме, да, и за начинот на кој ќе се владее. Дали во иднина Владата ќе се формира со Бадинтер?“, рече Села.

Слично

Поврзани вести