Зијадин Села од градоначалничка заминува во пратеничка фотелја
Зијадин Села веќе не е градоначалник на Струга.
Тој се повлекува од оваа функција, откако стана пратеник од листата на Алијансата за Албанците.
За в.д. градоначалник на Струга до локалните избори во април е именуван досегашникот член на градскиот Совет, Мустафа Забзун.
Во изјава за TВ Алсат Села не ја исклучува можноста на претстојните локални избори на пролет повторно да се кандидира за градоначалник.
Села стана градоначалник на Струга во 2014 година, како кандидат на ДПА. Тој подоцна ја формира партијата Движење за реформи во ДПА.
Слично
