Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зијадин Села очекува уште апсења деновиве

Зијадин Села очекува уште апсења деновиве

По приведувањето за земен поткуп и притворањето на Јахи Јахија, кадар на ДУИ и државен секретар на Министерството за информатичко општество и администрација, лидерот на Алијансата за Абанците, Зијадин Села, очекува во наредниот период да има нови апсења на функционери.

Претседателот на опозициската партија порача дека е добро тоа што акциите против корупција тргнале од некаде, но и дека очекува да се расветлат и случаи од самиот врв на власта, а не од пониските државни ешалони.и по редовниот партиски состанок на централното раководство, одржан во Тетово, порача дека не треба да има заштитени мечки.

- Се надевам дека нема да престане само со ова и мислам дека нема да се случи феноменот од третиот и четвртиот ешалон функционери на ДУИ да одговораат, туку одговорноста треба да почне да се бара и од членовите на Владата и идните денови ќе гледаме вакви случаи и сите што имаат проблем со законот ќе одговараат, изјави Села. 

Слично

Поврзани вести