Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зијадин Села „му откажува љубов“ на Заев

Зијадин Села „му откажува љубов“ на Заев

Јас веќе не гледам причина зошто би го поддржува Зоран Заев. Ова е ставот на Зијадин Села кој вели дека за уставни измени гласал поради иднината на децата.

Ова, како што посочува Села, се случува поради здружувањето на Заев со ДУИ и откако двапати и ги одземаа ингеренциите на општина Гостивар во образованието .

„На прашањето зошто треба пак да го поддржам Заев јас немам одговор.Затоа што го направив премиер“ ? -прашал Села.

Во однос на претседателскиот кандидат Села заедно со Касами му даде поддршка на Блерим Река.

И двајцата лидери тврдат дека Река е совршена симболика за консензуален кандидат кој се бара со месеци.

Неодамна Села го обвини Талат Џафери дека е добар актер и потенцираше дека спикерот не заслужува да биде на чело на Парламентот додека пак потенцираше и дека „ДУИ е врската помеѓу новиот и сариот режим, бидејќи многу се инволвирани во корупција и криминал и затоа го штитат Вељановски“.

Слично

Поврзани вести