Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зијадин Села ја прекинува соработката со ВМРО-ДПМНЕ

Зијадин Села ја прекинува соработката со ВМРО-ДПМНЕ

Зијадин Села ја прекинува соработката со ВМРО-ДПМНЕ. 

Алијансата за Албанците најави дека ќе ја прекине соработката што досега ја имаа со ВМРО-ДПМНЕ, откако од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, доцна синоќа беше разрешен од директорка позиција брат на висок функционер на АА кој учествуваше во вчерашниот вооружен инцидент пред плоштадот „Скендербег“.

„Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со поддршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Слично како и другите пати, Албанците и овој пат платија. А поените ги земаат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Враќање на претходните сценарија на ДУИ и ВМРО повеќе нема да дозволува Алијансата за Албанците. Како резултат на последните случувања, ја прекинуваме соработката со ВМРО, не дозволувајќи повеќе да се навредуваат Албанците“, изјавија попладнево од партијата. 

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари претходно кажа дека неговата партија треба да размисли за прекин на соработката со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Слично

Поврзани вести