Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зијадин Села е заразен со Ковид -19

Зијадин Села е заразен со Ковид -19

Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Фејсбук објави дека е заразен со коронавирусот и дека се чувствува добро. 

„Сакани пријатели. Денеска го направив ПЦР тестот за Ковид-19 и треба да го споделам резултатот со вас. Позитивен е. Клинички сум добро, без никакви грижи. Но, здравствените протоколи треба да се почитуваат, затоа треба да се самоизолирам за неколку денови. Почитувајте ги мерките, чувајте се себе и другите“, напиша Села. 

Во Македонија расте бројот на заболени. Денес имаме 999 нови случаи на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести