Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зидан се заблагодари - Во Македонија имаме многу навивачи

Зидан се заблагодари - Во Македонија имаме многу навивачи

Зинедин Зидан продолжува со неверојатна серија на освоени пехари и вчера покажа дека е подобар стратег од Жозе Мурињо бидејќи неговиот Реал Мадрид го надигра Манчестер Јунајтед и тоа речиси 80 минути без главната звезда Кристијано Роналдо. 

Тренерот на Реал Мадрид на прес конференцијата по натпреварот оцени дека неговиот тим е гладен за победи, имал поголема мотивација и целосна контрола. Исто така им се заблагодари на сите фанови, вклучувајќи ги и тие од домаќинот на Супер купот.

„Од првата минтута бевме одлични до самиот крај. Се беше во ред, бевме примени топло, на стадионот имаше многу навивачи. Сакаме да им се заблагодариме на подршката и на сите кои го сакаат овој клуб, тука во Македонија имаме многу навивачи“ заврши Зидан на пресконференцијата по мечот.


Слично

Поврзани вести