Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИЧНИЦАТА ПРИВРЕМЕНО НЕМА ДА РАБОТИ: Ќе се прават активности за одржување и техничка подготовка, од ЈСП не кажуваат до кога нема да функционира

ЖИЧНИЦАТА ПРИВРЕМЕНО НЕМА ДА РАБОТИ: Ќе се прават активности за одржување и техничка подготовка, од ЈСП не кажуваат до кога нема да функционира

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги извести граѓаните дека жичницата до Милениумскиот крст привремено нема да биде во функција поради изведување технички активности.

Од ЈСП Скопје информираат дека прекинот е привремен и е поврзан со активности потребни за одржување и техничка подготовка на системот.

– Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време – соопштија од претпријатието.

Од ЈСП им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана кога жичницата повторно ќе почне со работа.


Слично

Поврзани вести