ЖИЧНИЦАТА „НАДВОР ОД УПОТРЕБА“ - поради силен ветер денеска нема да продолжат со работа
Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради силен ветер, објавија од Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје.
- ЈСП ги известуваат корисниците дека поради засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници - се посочува во нивната објава.
Слично
