ЗИБЕРИ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЛЕКАРСТВА И ЛЕКАРИ ВО ЗАТВОРИТЕ: Наодите се аларманти, нема вработен лекар во казнените институции
Народниот правобранител,
Насер Зибери вели дека состојбата во затворите во македонија од аспект на здравствена
заштита на затворениците е повеќе од загрижувачка, а според наодите од терен,
потенцира дека освен што нема лекари, нема ниту доволно лекарства.
-Најголемиот број од затворите во земјава немаат редовно вработен лекар, имаат само визитиг од страна на вработени лекари во јавно здравствените установи кои одат еднаш, два пати, три пати, и тоа само по неколку часа. Психијатар скоро никаде нема, оди по час два, и тоа претежно во Скопје, каде што се најголемиот број од затворениците. Во затворите нема ниту соодветен простор, ниту пак има лекарства и други ресурси за соодвтена здравствена заштита на затворениците. Во затворот тво Тетово, на пример, практично е невозможно затвореник да ги користи здравствените услуги од секундарното и терцијарното здравство, а Законот за извршување на санкции им го гарантира тоа. Но, во ваква ситуација, затвореникот сам од џеб мора да си плаќа за овие услуги, изјави Зибери.
Тој посебно нагласи дека за да се средат овие проблеми во затворите мора пред се да се зајакне соработката меѓу Министерството за правда и Министерството за здравство, кое според народниот правобранител е најповикано за подобрување на состојбата во затворите кога станува збор за грижа за здравјето на затворениците.
